Кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на СДСМ, Хамдија Елезовиќ на последната активност од кампањата за локалните избори порача дека градот мора да стане почист, со силна инфраструктура, чист воздух, достапна воза да пиење,без кучиња за скитници и можности за младите.
-Овие избори, ќе го обликуваат Вашето секојдневие во наредните 4 години. Ќе ја обликуваат секоја дупка на улица, секоја улична сијалица, секое ќоше во општината. Вие одлучувате во какво место сакате да живеете. Овие избори се клучот на тоа како сакате да изгледа општина Тетово во иднина, порача Елезовиќ.