• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Христијан Мицкоски од Тетово: Одговорност мора да има за изгубените човечки животи

16/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес од Тетово информираше дека во селото Нераште заедно со пратеникот Александар Велјановски биле да изразат сочувство и да поразговараат со синовите на жена која беше една од оние 14 лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница на 8 септември. Тој посочи дека мора да има одговорност и да се најдат вистинските виновници.

-Бевме во семејството на една од тие жртви, луѓето се уште го преживуваат тој хорор кој што се случи тој ден. Поразговарав со двајцата синови на мајката која е жртва на тие настани. Дел од тоа што го преживеаа, пренесоа и навистина можам да изразам големо жалење затоа што тоа што го слушнав е навистина трaорно и трагично и болно. Она што ние како ВМРО ДПМНЕ можеме да го ветиме и обврземе и јас како човек е дека оваа работа порано или подоцна ќе ја истуркаме до крај. Виновниците за ова мора да сносат одговорност, без разлика дали е таа функционална или морална. Во Македонија пречесто се случуваат пожари, пречесто се случуваат порази, кои што сега чинат човечки животи. Ако сега не се сноси одговорност ако нема вина и оставки барем од тие кои се надлежни и ресорни во овој случај, а тоа е министерот за здравство, ако немаме независна истрага ако немаме истрага која ќе даде одговор на многу прашања, кои јавно ги поставив, а тоа е како може објектот да нема против пожарна заштита, зошто нема мерење на кислородот, како може да нема дозвола за употреба а објектот да биде во употреба и уште многу прашања кои ги поставив а за кои нема одговор, истакна Мицкоски.

Лидерот на опозоцијата ја коментираше изјавата на премиерот Зоран Заев дека нема да поднесе оставка поради настанот, а рече дека како опозоција ќе преземат чекори на таа тема.

-Навистина кога човек ќе се поистовети со функција и кога себеси ќе се интерпретира со функција тоа сум јас, во услови кога невини човечки животи згаснаа е тажна и жална.  Доколку тој човек не чувствува ни малку морална одговорност и тоа се обидува да го интерпретира дека ако тој замине, а Мицкоски ќе бил премиер тогаш навистина освен она чувство на гадење кое што во овој момент го имам друго немам што да кажам. Додека министерот за здравство кој што е најодговорен за овој случај таму каде што е, до кога неговиот заменик е таму каде што е, додека овие луѓе ја водат Владата не очекуваме непристрастна истрага. Многу е јасно, објектот немал дозвола за употреба а е пуштен во употреба. Треба ли уште повеќе  да зборуваме. Овде треба кривична одговорност, овде треба 10-ти години затвор за тие кои што го дозволиле да се случи.Каква истрага збориме, имаме објект кој без дозвола за употреба е пуштен во употреба. Немаме инсталации за против пожарна заштита. Јас сум инженер констатирам, што треба понатаму да констатираме повеќе, посочи Христијан Мицкоски.

Првиот човек на опозицската партија на новинарско прашање дали го поддржува утрешниот протест на семејствата на жртвите во Тетово рече дека секој мирен протест со кој на демократски начин ќе се изрази револтот ВМРО ДПМНЕ и тој лично го поддржуваат. 

ас

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава
мицкоски

ВМРО ДПМНЕ во Тетово со поддршка за кандидатот за градоначалник на Алијанса за Албанците и Алтернатива

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.