Заедничкиот патриотизам на 21 век е да ја победиме заедничката мака, да создадеме заедничка иднина, да се разбираме едни со други, да покажеме дека ние политичарите ги немаме гласовите во џеб туку дека треба да работиме за да заслужиме довербата од граѓаните. Оваа порака беше една од повеќето кои од Тетово Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ ги упати до Вулент Мурсели, кандидат за градоначалник од Алијанса за Албанците кој беше присутен на митингот на градскиот плоштад.
-Тоа е и мојата прва порака до идниот градоначалник на Тетово Вулент и идните соработници во Општина Тетово во Советот од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Помина времето на салонските политичари, политичарите треба да да бидат слуги на народот. Заборавете на кожни фотели и бидте со народот, на улиците, на плоштадот, на нивите. Лага е дека се мразиме Македонците и Албанци. Обичните граѓани одлично се разбирале во минатото, сегашноста и така ќе биде во иднина. Така ќе биде и во Тетово, ќе застанеме позади едне човек идниот градоначалник Вулент кој ќе обеддинеи Македонци, Албанците, Турците, Ромите, Сртбите и другите во модерно Тетово,рече Мицкоски од Тетово.
Тој на граѓаните им порача дека овие избори, не се само избори за градоначалници, за советници во општинските совети, туку за иднината.
-Вие ќе одлучувате во која насока ќе се движи државата. Вие ќе одлучувате дали ќе продолжи по оваа погрешна на Заев, полна со корупција, криминал, предавства или ќе избереме патека на иднината предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа ќе биде патека на реформи, визија, стратегија, иднина. Не велам дека чуда може да се случат веднаш по изборите, но по овие избори следи нова влада на ВМРО-ДПМНЕ и ќе се трасира патот по кој ќе се движи нашата татковина. Ќе дојдат тука и ќе ви велат дека се најдоброто за Тетово, за Македонија, а во суштина се најлошото, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Тетово.