• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

ЦЕМ „Бубамара“ :  Да се елиминира говорот на омраза кон жените 

17/09/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Центарот за еднакви можности “Бубамара“ од Тетово реагира на транспарентот кој на денешниот протест беше истакнат и залепен на зградата на Општина Тетово со говор на омраза кон жените. Воедно посочуваат дека го следат говорот на омраза кон жените во политиката  и во предизборниот период. 

-Сметаме дека уште пред официјалниот почеток на кампањата, се користел сексистички и говор на омраза против жените кандидати во овие локални избори.Употребата на ова реторика беше присутна и денес на протестот организиран во Тетово. „Бубамара” силно верува дека говорот на омраза и сексизмот кои имаат за цел да го погазат достоинството на жените во политиката треба да престанат. Ги повикуваме релевантните институции да преземат конкретни мерки за да не се „нормализира“  и релативизира оваа реторика како што е нормализирана до сега, се вели во нивното соопштение. 

Понатаму потенцираат дека говорот на омраза против жените во политиката сериозно се заканува да ги заплаши и спречи девојките и жените кои се заинтересирани за политика.

– Затоа, ги повикуваме граѓаните, политичките партии и пошироката јавност во Северна Македонија да бидат внимателни со јазикот што го користат против жените, велат од организацијата.

„Бубамара“ бара од сите страни вклучени во овој процес, да ја одразат дисциплината и да спроведат изборна кампања каде што ќе преовладуваат демократијата и мирот и каде ќе се почитуваат вредностите на владеењето на правото. 

На зградата на Општина Тетово денес беше залепена порака со недолична содржина кон жените,  на албански и англиски јазик, а која гласи- „Луѓето горат, курвите си ги чешлаат косите“.  

 ас

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Приведени уште двајца за насилните протести вчера во Мала Речица

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.