• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Центар за јавно здравје Тетово: Можно е да се повтори промената на мирис и вкус кај водата за пиење

Сепак ги советуваат граѓаните дека нема место за страв бидејќи изминатите години се утврдило дека нема пореметувања на параметрите за безбедна вода.

27/09/2019
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од Центарот за јавно здравје во Тетово предупредуваат дека во периодот што следи во месеците октомври и ноември можно е да се повтори ситуацијата како во изминатите две години водата за пиење да има промена на мирисот и вкусот. Сепак ги советуваат граѓаните дека нема место за страв бидејќи изминатите години се утврдило дека нема пореметувања на параметрите за безбедна вода.

-Промената на мирисот и вкусот може да се  повтори поради паѓање на вегетацијата односно лисјата во водата што се користи од реките Пена и Лешница во новиот водоснабдителен систем. Апелирам да не се крева премногу страв и да не се обрнува премногу внимание затоа што ние  внимаваме на квалитетот и безбедноста на водата за пиење. Лани и предминатата година имаше многу јавувања за промена на мирисот и на вкусот и за среќа нашите испитувања покажаа дека сите останатите параметри се во рамките на дозволените граници и дека водата одговара на параметрите дека е безбедна за пиење, изјави специјалистот по здравствена екологија д-р Ратко Давидовски.

До оваа појава дојде во септември 2017 година кога започна да функционира новиот водоснабдителен систем со искористување на водата од реките на Шар Планина.

-Во овој период од годината поради намалување на штедроста на изворите на Шар Планина е вклучена и Пена и Лешничка река како и филтер станицата каде се кондиционираат овие параметри кои што треба да бидат во рамките на нормалните вредности, рече Давидовски.

Доколку водата со променетиот мирис и вкус не е прифатлива за луѓето за пиење Давидовски вели да не се користи.

-Се работи за субјективно чувство, водата ја контролираме и мината и предминатата година беше безбедна за пиење. Кому му е смета мирисот и вкусот нека не ја пие,  а останатите можат да ја пијат се додека не ние не ја забраниме, потенцира докторот.

Од центарот напоменуваат дека секојдневно се следи квалитетот на водата и по потреба службите реагираат. Новиот водоснабдителен систем од 2017 година донесе дополнителни количини вода со како трајно решение за деценискиот проблем со недостиг на водата за пиење во градот.

 

Тагови: вода промена вкус и мирисводоснабдтелен системцентар за јавно здравје

Поврзани објави

Вести

Куќа изгоре во пожар ноќеска во тетовска Шипковица

25/06/2022
Вести

ЖФК Љуботен на дуел со австрискиот првак Сент Полтен во квалификациите за Лига на шампиони-

25/06/2022
Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Следна објава

Воздвижение на Чесниот Крст – Крстовден

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.