• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
вторник, 9 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Централната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата во Јегуновце

Субвенции за нови работни мести и за бизнис идеи за млади во Јегуновце - вети Дарко Блажески кандидат за градоначалник на општина Јегуновце

03/10/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

На централната граѓанска трибина на СДСМ и коалицијата денес во Јегуновце беа претставни кандидатот за градоначалник Дарко Блажески и кандидатите за советници од СДСМ за советот на општина Јегуновце.

-Во изминативе 4 години покажавме како треба да се работи за својата општина, реализиравме голем број на проекти, реконструкција на локални регионални патни правци и улици, фекални канализациски мрежи, нова спортска сала, расчистени диви депонии во сите населени места, подобрен систем на јавно осветлување, јавна хигиена, инвестиции во образование и решавање на локални проблеми“ – потенцираше Дарко Блажески кандидат за градоначалник од СДСМ и коалицијата за општина Јегуновц.

 Во Програмата за работа 2021 – 2025 година капитални инвестиции кои се предвидуват се: – Фекална канализациска мрежа во следните населени места: Беловиште, Ратае, Горно и Долно Орашје, Старо Село, Раотинце. – Изградба, реконструкција и обнова на локални, регионални патни правци, изградба и санација на тротоари и пешачки патеки во сите населени места. – Мултимедијален културен центар во населеното место Јегуновце. – Нов водоснабдувачки систем во населеното место Жилче. – Санација на речното корито на реката Вардар. За да го зајакнеме локалниот економски развој ќе ги субвенционираме приватните компании за секое ново вработено лице од општина Јегуновце во форма на директна финансиска поддршка, ослободување од плаќање на даноци, такси, комуналии. Ќе обезбедиме финансиска поддршка за младите од општина Јегуновце кои имаат идеја и сакаат да започнат бизнис – потенцираше Блажески.

На граѓанската трибина претседателот на СДСМ Зоран Заев даде поддршка на кандидатот за градоначалник Дарко Блажески и кандидатите за советници на општина Јегуновце. Тој посочи дека општина Јегуновце изминативе 4 години сработи големи, важни и капитални проекти за граѓаните, а со новиот втор победнички мандат продолжува модернизирањето на општината и нејзин напредок и развој.

Поврзани објави

Вести

Од 7 до 11 часот 29 санкции за непрописно престигнување на територијата на СВР Тетово

09/08/2022
Вести

Лебот достигнува рекордно високи цени, народот се плаши како ќе го купува

09/08/2022
Вести

Ангел Карапетров : Надминати правните прашања за капелата, до 1-ви септември очекуваме да почне со работа

08/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: Нашата заложба за модерно, европско Тетово нема да престане

08/08/2022
Вести

Одбележани 21 година од убиството на десет бранители кај Карпалак

08/08/2022
Вести

Осветен параклис посветен на Света Петка во Лешок

08/08/2022
Следна објава

Вулнет Мурсели : Касарната во Тетово да биде градски парк и центар на заедницата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.