• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 4 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Чадот над Дреновец поради запалени гуми – интервенираа и пожарникарите

24/03/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовските пожарникари попладнево изгасија шумски пожар кој беше предизвикан од намерно запалени автомобилски гуми.  Пожарот бил евидентиран околу 13 часот и 30 минути во близина на патот што води од тетовската населба Дреновец кон планинското село Ѓермо.

-По дојавата одејќи кон локацијата видовме дека има густ црн чад, а таму видовме дека станува збор за запалени дваесетина автомобилски гуми ставени на едно место. Неколку од гумите се стркалале бидејќи местото е стрмно и започнал и шумски пожар, што зафати дрвја. На тоа место можевме да одиме само со теренско возило и само тројца пожарникари, но успеавма да го изгасаиме огнот за четириесетина минути, изјави Ука Алити, командант на тетовскат пожарна.

Тетовската противпожарникарска единица веднаш потоа се соочила со уште неколку пожари сите на отворен простор при што горела запалена вегетација. Алити потенцира дека сите се намерно запалени за се изгорат стрништа но опасноста била во тоа што биле во близина на фирми каде се продава плин како и бензинска пумпа.

-Веднаш штом го изгаснавме пожарот со гумите, гасневме пожар во источниот дел од Тетово близу плинарата, а потоа и два пожари во близина бензинска пумпа во Порој.  Една екипа со четири пожарникари гаснеше пожар и во Вратница на отворен простор во близина на амбулантата. Во 18 часот ни дојде дојава дека има и пожар долж автопатот Тетово-Скопје кон Желино каде имаше запалено меѓи и стрништа, информираше Ука Алити.

Вчера пожарникарите интевенирале на поголем пожар на отворено во близина на Прељубиште.

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Министерот за образование очекува од септември над 150 дуални паралелки-практична обука во компании

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.