Полициските службеници вчеравечер околу 22 часот и 20 минути, во тетовско Долно Палчиште лишиле од слобода четворица млади од ова тетовско село кои не ја почитувале забраната за движење на население и моторни возила во јавниот превоз. Од стапувањето на сила на владината одлука од 10 март веќе над 50 лица од тетовско се приведени поради непочитување на полицискиот час.
-Четворицата прекршители на полицискиот час на возраст од 31,20,26 и19 години, кои не ја почитувале забраната за движење задржани се во полициска станица и ќе им бидат изготвени поднесоци по член 206 од Кривичниот законик за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово на 30 луѓе изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина Уредба.
А.С