• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 1 декември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

                

Home Вести

Шарпланинските села блокирани од снегот, општина Тетово тврди дека патиштата се проодни

На социјалните медиуми објавуваат фотографии и видеа за состојбата во нивните села.

06/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Мештаните од шарпланинските села Вејце и Селце изразуваат незадоволство од тоа како се интервенира во расчситување на снегот до овие рурални места на висока надморска височина. Тие велат дека дел од патиштата воопшто не се исчистени од снег, а поради тоа сообраќајот не може да се одвива. На социјалните медиуми објавуваат фотографии и видеа за состојбата во нивните села.

-Околу 1500 жители на селата Вејце при општина Тетово се изолирани од снег, не се преземени мерки за чистење на патиштата. Апелираме до општина Тетово итно да излезе на терен и да го расчисти патот, затоа што има болни деца и стари лица кои имаат медицински потреби и не можат да се одат кон градот, велат од месната заедница на Вејце.

Од општина Тетово соопштуваат дека од средата навечер со почетокот на снежните врнежи на нивна територија, издаден е налог до фирмата која се грижи за одржување на патиштата веднаш да започне со интервенција и чистење на снегот. Се интервенираше со расчистување на снегот со механизација но и со и фрлање сол и песок по патиштата, велат од општината.

-Првично во планинските села како с.Ѓермо , Лавце , Селце и Вејце , а исто така се интервенираше во текот на ноќта и на патот до Попова Шапка, вклучувајќи ги и селата Расадиште, Гајре, Лисец но и во  селата Шипковица, Бродец, Вешала и Бозовце.Со механизација се работеше во текот на целата ноќ, а во раните утрински часови се прејде на расчистување на улиците низ градот така што во моментов имаме стабилна состојба на патиштата низ планинските села но и во градот каде сообраќајот се реализира стабилно и непречено, информираат од општина Тетово.

А.С

 

Поврзани објави

Вести

Апел од СВР Тетово за внимателност поради влажни и замрзнати коловози, задолжителна зимска опрема за возилата

01/12/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово-приведен 24 годишник за најдена марихуана

01/12/2023
Вести

Во двор од основно училиште во Тетово е најден пиштол

01/12/2023
Вести

Kомунални работници го прекинаа штрајкот, насобраниот смет ќе се подигне

01/12/2023
Вести

Во контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници – казни за 11 технички неисправни возила

30/11/2023
Вести

Полицијата расчистува случај – во детска игра со остар предмет повреден малолетник

30/11/2023
Следна објава

Платформа „Пријатели на Шара“ : Не прогласувањето на Шара за национален парк спротивно на повеќе политики за животна средина

Tetovo, MK
петок, декември 1, 2023
overcast clouds
12 ° c
74%
8.21mh
100%
19 c 9 c
саб
14 c 4 c
нед
7 c 2 c
пон
8 c 3 c
вто

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!