• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Шестоседната жичница на Попова Шапка официјално пуштена во употреба

Означен е официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Жичницата се протега долж патека од 1391 метри, која се минува со затворени кабини во кои има шест места.

26/02/2020
во Актуелно, Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Означен е официјален почеток со работа на најновата шестоседна жичница на Попова Шапка. Жичницата се протега долж патека од 1391 метри, која се минува со затворени кабини во кои има шест места.

-Пуштањето во употреба на новата жичница ја означува силната поддршка за развој на зимскиот центар. Исто така претставува еден од начините и решеноста на оваа Влада и на АД ЕСМ се со цел да направиме развиток на овој зимски центар. Треба да се направи добар план и стратегија како треба да се развива и која е целта крајна со Попова Шапка. Во тој правец треба да се заложиме сите, на овој начин ја покажуваме нашата политичка волја,  разработуваме детален план и на прогласување заштитена зона на Попова Шапка, направивме анализа за капацитетите, изготвување на ДУП се со цел да се придонесе да се заокружи процесот, истакна премиерот Спасовски.

Генералниот директор на Електрани на Северна Македонија, Васко Ковачевски истакна дека за изградба на оваа жичница се потрошени 9 милиони евра.

-Проектот започна во 2014, а од 2016 се работи на терен, но поради неколку пропусти имаше застој. Но во 2019 од ЕСМ и ново раководство со секојдневни активности успеваме до крајот на 2019 да го завршиме. Овие два месеци сите ги добивме сите употребни дозволи, со поддршка на Владата. Во текот на вчерашниот ден ја добивме употребната дозвола, токму затоа денес ја ставаме и официјално во употреба. Поради немање снег, во текот на наредниот период може да се користи за панорамско  разгледување, рече Ковачевски.

Министерот Крешник Бектеши потенцираше дека Владата работеше и на патната инфраструктура со цел да се врати епитетот како главен зимски центар во регионот.

-Ние во последните 2,5 години покажавме дека се грижиме за Попова Шапка. Освен жичница имаше реконструкција на патот што ја олеснува можност за посета на оваа дестинација. Бројките покажуваат дека имаме 8 отсто раст во однос на 2018 година кога се во прашање бројот на туристи, ние ќе креираме мерки да овозможиме да има подобра инфраструктура и да влиаје во националната и локалната економија, рече Бектеши.

Жичницата има капацитет од 2.400 патници на час.  Ја изгради меѓународно реномираната компанија „Лајтнер“.

А.С

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ : Има многу недостатоци околу шестоседот

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
84%
1.32mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!