Шест пациенти починаа во Ковид центарот во тетовската болница во изминатите 24 часа, информират денес од Клиничка болница Тетово. Најмладиот е роден 1966 година (55 години) додека најстариот е роден 1936 година (85 години).
-Имаме нови 16 пациенти примени на болничко лекување, а 10 исписи. Вкупно хоспитализирани се 105 луѓе од кои 104 се на кислородна поддршка, информира Д-р Гзим Нуредини, координатор во Ковид центарот.
Во текот на 24-те часа до седум часот утринава имало 185 прегледи и контроли на луѓе со симптоми на коронавирус.
ас