• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 1 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Шест ученици од музичкото училиште освоија награди на фестивалот „Полихимнија 2021“ во Скопје

19/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Шест ученици од Државното музичко училиште „Тодор Скаловски – Тетоец“ од  Тетово се стекнаа со награди за најдобри настапи на шестиот по ред  меѓународен фестивал„Полихимнија 2021“ во Скопје.

Под раководство на наставничката по пијано Соња Андонов, прво место освои Андрија Нацески од второ одделение, а второ место Матеа Ѓорѓеска, исто така второ одделение.

Прва награда за настап на гитара освоија четвртоодделенците Генти Садики и Суден Шехапи, додека трета награда освои Грела Зеќири, од второ одделение. Тројцата се од класата на наставникот Стефан Ристоски.

За настап на виолина со менторство на наставник Шкељзен Пајазити прво место освои Хана Абдулахи, од прва година средно училиште. Хана Абдулахи освои исто така прва награда на Меѓународниот натпревар „Сергеј Михајлов“ во Штип

Меѓународниот фестивал на Полихимниа е манифестација која традиционално се одржува шеста година по ред во втората половина од месец март низ концертните сали ширум главниот град. Учество земаат ученици и студенти од Република Северна  Македонија, соседните земји, но и учесници од Европските земји. Oваа година ќе бидат застапени повеќе категории на инструменти за соло и камерна изведба (пијано, хармоника, дувачки инструменти, гудачки инструменти, гитара, соло пеење и камерна музика).

Во рамките на фестивалот ќе се одржи Меѓународен Натпревар Полихимниа 202, концерт, работилници и семинари за ученици и студенти, прогласување на Лауреати, доделување на концерт и парични награди од наградниот фонд на фестивалот и концерт на Лауреатите од минатогодишниот Меѓународен натпревар Полихимниа 2020.

A.C

Поврзани објави

Вести

Полицијата „растури“ со казни за брзо возење-164 казнети од 10 до 15 часот

01/10/2023
Вести

Се одржи јубилејниот 20-ти карате турнир „Тетово опен“- учествуваа над 550 каратисти 

01/10/2023
Вести

Љубовта кон фолклорот се пренесува со генерации – концерт на КУД „Бранко Чајка“ Тетово по повод 30 години јубилеј

01/10/2023
Инфо компас

Од 3 до 9 часот повици до пожарната да се прават на бројот 076233275

30/09/2023
Вести

Хрватскиот публицист Никола Гамилец во Тетово: Литературата ги надминува националните граници

30/09/2023
Вести

Во Тетово утре ќе се одржи јубилејниот 20. карате турнир „Тетово опен“

30/09/2023
Следна објава

23 мај (недела), Национален ден на Власите, е неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!