• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
петок, 19 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result




Home Вести

Шимширски молец им додева на луѓето и ги суши зелениките во тетовските села

16/06/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Жителите на неколку тетовски села се вознемирени од невобичаената појава на огромни роеви на пепертуки поради кои не е пријатен престојот на отворено, а велат дека се уништуваат природните и декоративните зимзелени растенија и дрвја. Оваа појава била забележителна минатата година, но годинава според жителите присуството на овие пеперутки е многу повеќе интензивирано. Стручните лица објаснуваат дека станува збор за инсект штетен по зелениката, а не е опасен за луѓето.

-Многу ги има овој период веќе две недели. Наутро, а особено навечер не може да се седи во дворот или на отворено. Навечер со кола кога се оди имаш чувство како да паѓа снег.  Лани се појавија ист овој период мај/јуни и околу месец дена ги имаше. Годинава две недели има, но многу поинтензивно им е присуството. Зелениката е изедена, ако продолжи вака нема да остане ништо здраво од дрвјата на планините, алармира Кире Кромидаровски од Сиричино.

Пеперутките не се забележуваат на дрвјата се додека не се растресе растението, па излегуваат и се разлетуваат од под лисјата. На лозница се забележителни на самите лисја.

– Особено одат на декоративните садници како туја, а тие ги има во секој двор, мене уништени ми се две, има многу такви примери низ селото. Ако се соголи зелениката на планината се јавува проблем со тоа што дрвјата се сушат и се уништуваат. Такви исушени дрвја се опасност и за појава на пожари особено во летниов период. Мора надлежните да преземат мерки, вели Ивица, уште еден жител на Сиричино.

Нашите соговорници тврдат дека освен во Сиричино, вакви пеперутки има и во другите села како Желино, Стримница, Туденце.  

Стерјо Начевски, ентомолог професор на шумарски факултет во Скопје објаснува дека станува збор за Шимширов молец, кој е штетен и опасен за зелениката, па мора да се третира со инсектицид.

-Овој вид молец е од Југоисточна Азија а доведен е во Европа преку увезени садници во Германија и Холандија и од таму е пренесен во останатите држави.  Да било по природен пат би требало преку Турција да дојде. Во 2014 година кај нас за прв пат го констатирав во населба „Даме Груев“ во Скопје и целиот тој рурален регион беше опфатен. Во 2015 се појави и на Водно на шимширови стебла и од 2019 скоро цела Македонија зафатена. Сега и во Тетовско, вели професорот Начевски.

Според него врз луѓето нема опасност, но треба да се заштитат растенијата со инсектицид.

-Немаат некое алергиско влијание врз населението. Меѓутоа гасениците од молците се значително штетни особено при размножување. Три генерации се ројат во текот на годината За кратко време се размножуваат и тотално ќе ги изедат листовите. Треба да се третира кај декоративни растенија и природна зеленика, со инсектициди (синтетички пиретроиди) дури и превентивно треба да се аплицира бидејќи при положување јајца и испилување за брзо време делуваат и ги јадат листовите. Гасениците со темна глава скриено живеат во пајажина, во растението, објаснува професорот Начевски.  

Пеперутките се бели, раскрилени од 25 до 30 милиметри со црна боја на рабовите. Во време на роење овие пеперутки траат 15-20 дена по што положуваат јајца и потоа ги нема.

А.С

Поврзани објави

Вести

Илија Димовски: Со победата на ВМРО ДПМНЕ во Тетово се најавува политички пресврт во Македонија

18/08/2022
Вести

Завршна конвеција на СДСМ во Тетово, Димитар Ковачевски со поддршка на иницијативата Тетово сака парк

18/08/2022
Вести

Јане Ченто: Tетово заслужува луѓе кои ќе го направат модерен и современ град

18/08/2022
Вести

Глигорије Стојановски: На 20ти август да излеземе масовно и гласаме за бројот 1, нека европско Тетово го почувствуваме сите

18/08/2022
Вести

ВМРО НП: Со масовна поддршка на една од кандидатските листи да бидат избрани повеќе советници Македонци

18/08/2022
Вести

Станислав Бојчески : Во гимназија поставување на функционален спортски терен до крај на 2022 година

18/08/2022
Следна објава

Вкупно 150 лица казнети за прекршување на полицискиот час изминатите три месеци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.