„Школата за српски јазик, култура и традиција“ која се одвиваше од 12 до 16 јуни во организација на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово на крајот на овој месец ќе целосно ќе се заокружи со приредба за родителите. Сите учесници на проектот ќе покажат што имаат научено, а за својот вложен труд ќе бидат наградени со благодарница и книга, информираат од Здружението.
На Попова Шапка се одвививаше реализацијата на проектните активности на „Школата за српски јазик, култура и традиција“. Оваа година во „училишниот“ дневник се запишани 20 ученици од Тетово и околните населени места – Брвеница, Лешок и Џепчиште.
-Поголемиот дел од учениците имаат српско потекло каде српскиот јазик се пренесува директно од едниот или двата родители или од нивните постари предци. Целта на проектот е употреба, учење, чување и негување на српскиот јазик и неговото кирилско писмо како и представување на значајните имиња на српската култура и традиција, информира Соња Андонов, претсетдателка на Здружението.
Таа информира дека на часовите по српски јазик, како и на говорните и писмени вежби, најповеќе се зборувало за акцентите во српскиот јазик и за падежите. Низ српскиот јазик и литература учениците ги водеше професорката Душанка Илиќ од Штрпце, додека српската култура ја предаваше Соња Андонов, музиколог од Тетово. Кореографот на Здружението,Снежана Ефкоска, преку практично учење на српските ора, ја претстави српската традиција.
-На крајот на „учебната“ година, на одржаниот наставнички совет, констатирано е дека сите ученици го завршија класот со одличен успех и примерно поведение, информира Соња Андонов.
Наставата се одвиваше претпладне, додека попладнето беше резервирано за учење на чекорите за српските градски и народни ора, но и за рекреација – пливање во базен. Наставниот ден завршуваше со заедничко дружење низ игра, песна, маскенбал и слични играрии.
За Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово, кое оваа година го одбележува својот 30 годишен јубилеј, ова е четврта по ред „Школа српски јазик, култура и традиција“. Одржувањето на овој проект е поддржан од страна на Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот при Министерството за надворешни работи на Република Србија.
ас