• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
сабота, 25 јуни 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

Јавна дебата за урбаниот блок 57/А (ШИК Јелак)-градоначалникот Касами смета дека тешко е остварлива новата иницијатива за нов градски парк

22/02/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

По иницијатива на Општина Тетово се одржа јавна дебата за урбаниот блок 57/А, чиј детален урбанистички план беше суспендиран на 30 декевмри со одлука на Советот. Станува збор за местото на Шумарско-индустрискиот комбинат (ШИК) „Јелак“ каде се предвидени да се градат дваесетина згради за домување и трговски центри.  

Присутните дадоа свои размислувања и идеи како и што треба да се направи со овој дел од градот.

Архитектот Бошко Видоески во име на новата граѓанска иницијатива „Тетово сака парк“ ја образложи идејата со која токму спорниот урбан блок 57 А е дел од нивната заложба во тој дел од градот да се формира нов градски парк со површина од 16 хектари.

-Тоа би вистински градски парк. Според законски за урбано зеленило, градски парк е отворен простор од најмалку еден хектар, а ние таков парк немаме, затоа што најголемата таква површина паркот Жена борец е 0,8 хектари. Ние во Тетово немаме парк, поради таа тажна реалност поднесовме предлог широко подрачје на делови од урбаните блокови 27, 29, 31 и 57 да се создаде нов вистински парк, рече  Бошко Видоески.

Во изјава за медиумите градоначалникот Касами рече дека иако сака да има многу паркови оваа иницијатива тешко може да се оствари.

-Имаме елаборат со кој утврдивме дека со досегашниот ДУП максимизиран е приватниот интерес пред јавниот интерес. Ние ќе се обидеме да го зачуваме јавниот интерес, да има паркови, тротоари. Ако тоа успееме секој инвеститор е добредојден. Секое алтернтивно решение за нас е добредојдено, но треба да имаме предвид дека за секоја иницијатива, треба да имаме во предвид формално правниот статус на тоа земјиште и финансискиот аспект. Во моментот тешко дека може да дозволиме таков луксуз. За мене лично ако ме прашате може и 50 отсто од територијата на Општина Тетово треба да биде паркови и зеленило, но во ситуацијата финансиска која сме тешко дека можеме да дозволиме таква иницијатива. Ако има одговор таа иницијатива на овие работи, јас сум спремен затоа што на Тетово му се потребни повеќе паркови, изјави Касами.

Аријанит Џафери од Еко Герила истакна дека повеќе од потребно е да има парк на тој дел од градот но и на други места.

-Тетово е пренаселено за да има таква населба во влезот на градот, а без притоа да има некаква студија за тоа. Да видиме каде треба да се развие градот, со какви згради во каква зона. Со нашите улици и без паркинзи и без доволно вода не може да дозволи таква нова населба. Ќе треба да живеат над 8000 жители, требаше и порано ваква јавна консултација. Многу подобро е да се направи парк, може да се развива на јужниот и северниот дел. И касарната да се направи во градски парк зошто е добра локација.  Што повеќе зелени површини толку подобар град ќе биде, рече Аријанит Џафери.

Во говорот на самата дебата градоначалникот на Тетово, Билал Касами рече дека суспензијата на ДУП е оправдана затоа што неговата цел е на граѓаните да им понуди квалитетна инфраструктура и подобар урбан живот.

Поврзани објави

Вести

Тетовските пожарникари обучуваа волонтери за заштита на Шар Планина од пожари

24/06/2022
Вести

„Талија“ – документарен филм што покажа како ентузијазмот на тетовци го одржал вековниот градски театарски живот

24/06/2022
Вести

Платите на вработените во Општина Тетово ќе се зголемат за 2800 денари најави градоначалникот Касами

24/06/2022
Вести

СВР Тетово: Пајак службата ќе работи еден час повеќе односно до полноќ

23/06/2022
Вести

На плоштадот во Тетово во недела ќе има меѓународен турнир во шах

23/06/2022
Вести

Приведени две лица од Мала Речица и Тетово, од келнер со измаме зеле 18 илјади денари

23/06/2022
Следна објава

Општина Тетово се уште утврдувa факти околу тужбите за земање плата, а не доаѓање на работа

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.