• Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
среда, 17 август 2022
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result


Home Вести

ЈКП Тетово : Непристапниот терен причина денес да не може да се работи на санирање на дефектот

10/01/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Oд тетовското комунално претријатие информираат дека поради поради непристапен терен денес нема да го можат да го санираат најновиот дефект на Лешничкиот водоснабдителен систем. Дефектот поради кој многу делови од градот се соочуваат со речиси целодневни прекини во водоснабдувањето, се наоѓа на 12,5 километри од пречистителната станица кај Лисец во правец кон месноста Лешница. Точната локација е најдена, но велат дека до таму мора и да се оди и пеш за да се однесе опрема и материјали за работа.

-Таму каде што е дефектот нема пристапност, нема пат воопшто, исклучиво може пешки да се оди, над Бродец е тоа. Има одрони на земја и дел од цевката се гледа. Ние ќе се потрудиме што побрзо да се санира. Граѓаните колку што е можно да се стрпат. Во вакви услови какви што се сега, дали ќе успеат, но да најдат трпение и разбирање, дека навистина го правиме тоа што можеме. Денес не успеавме да стигнеме до таму, пробавме но тешко е затоа што има нови врнежи од снег. Ни се лизгаше возило на два пати и се одлучивме да се врати екипата да видиме утре дали ќе може да се стигне.  До 11 километар може со возило и после уште 1,5 километар пешки треба да се оди и да се носи опрема за работа, изјави Љуљзим Шаќири, раководител на одделот Водовод при ЈКП Тетово.

За само десетина дена ова е втор дефект кој ги остави тетовци без доволно вода. По санирање на првиот од 5 јануари, повторно е пукната цевка од овој систем, па ЈКП Тетово воведе пет часовни рестрикции. Иако целта е да се акумулира вода за рамномерно распоредување, сепак дел од жителите велат дека вода за пиење имаат само по два-три часа во денот.

– Природата на водоснабдувањето е индивидуална, не е колективна. Сега на пример нема проблеми во повисоките делови од Тетово и улицата 188 како најгорна точка од градот.  Се јавува проблем кај згради кои немаат хидрофори. Друг проблем е на пример ако била зграда со  3-4 ката и немале хидрофор, а сега имаат повеќе надградби, вода во тие станови без хидрофор не може да стигне, вели раководителот.

ЈКП Тетово нема соодветни можности да носи вода во цистерни до проблематичните места во градот затоа што нема сертифицирани систем за таква постапка.

ас 

 

Поврзани објави

Вести

Николов: Оваа листа на советници е онаа којашто треба да ја добие поддршката на граѓаните и онаа којашто ветува добробит на граѓаните на Тетово

16/08/2022
Вести

Никола Столевски: Гласот на Македонецот во Тетово мора да се слушне во Советот на Општина Тетово

16/08/2022
Вести

Бисера Костадиновска-Стојчевска: Со глас за СДСМ и број еден, гласаме за европско Тетово

16/08/2022
Вести

Битиќи од Тетово: Инвестираме во економскиот и инфраструктурен развој на Тетово, во сабота да гласаме за советничката листа на СДСМ

16/08/2022
Вести

Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Владо Мисајловски со повик за поддршка за советничката листа предводени од Ангел Карапетров

16/08/2022
суд
Актуелно

Основен суд Тетово соопшти дека предметот за модуларната болница е распределен кај судија

16/08/2022
Следна објава

Во СВР Тетово пријавена расправија и пукање меѓу жители на скопско село на Попова Шапка

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2022 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.