• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 9 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Ќе биде прикажан документарниот филм Талија“ за 125 години театарски живот во Тетово

20/06/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Талија“ е насловен документарниот филм посветен на театарскиот живот во Тетово во изминатите 125 години низ разни форми на театарска игра, што ќе биде премиерно прикажан в четврток. Режисер на филмот е Саше Серафимовски, асистент режисер Игор Бачовски, а извршен продуцент Миќо Стојчевски.

Филмот опфаќа период од првите аматерски театарски претстави кои се играле уште од 1898 година во цркви и куќи на населението, а продолжува со Градскиот народен театар (1949-1954) и потоа Аматерскиот театар и Драмското студио при Домот на култура како институционална

-По седумгодишно истражување имаме документарен филм кој опфаќа 125 години од театарски живот во Тетово генерално. Тоа е филм во кој се опфатени 50 луѓе сведоци на тие години, но и театролози, историчари кои што хронолошки ги запишувале сите дешавки. Со огромен број на стари материјали кои благодарение на Архив ги вметавме во филмот. Филм за драмското студио кој е директен наследник на стариот затворен Градски народен театар кој работел професионално. Верувам дека ќе оставиме еден траен документ, едно трајно сведоштво на она што се нарекува култура и уметност. Театарот во Тетово е едно од првите уметности кои бележи напредок од самиот почеток, заедно со хорската дејност, изјави Саше Серафимовски, режисер на денешната прес конференција.

Игор Бачоски кој е асистент режисер истакна дека има многу материјал што ќе се искористи за нова документарна серија.

-Снимен е огромен материјал, а филмот ќе трае 120 минути. Се договоривме да го искористиме и тој материјал што не е во филмот, да се направат четии епизоди документарна серија, така ќе се добие комплетна слика за овие 125 години театар во Тетово, рече Бачовски.

-Ова истражување може да  го продолжат наредните генерации. Министерството за култура имаше слух да го поддржи овој проект. Ние како национална установа правиме еден белег во историјата ова парче на филм ќе остане за идни генерации, изјави Миќо Стојчевски, директор на Музеј на тетовски крај кој воедно е извршен продуцент на филмот.

Премиерата е закажана за во четврток 23 јуни од 19.30 часот во салата на управната зграда на Музеј на тетовски крај во поранешен Дом на Армијата.

 ас

Поврзани објави

Вести

Помош за Турција и Сирија може да се остави на плоштад и во спортската сала на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

08/02/2023
Вести

Акциска контрола на товарни возила-казни за шест возила

08/02/2023
Вести

Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово

08/02/2023
Вести

Движењето Антикоцкање: Kрајно време беше да се најде начин за оддалечување на објектите на игри на среќа

08/02/2023
Вести

Жител на Ѓермо задржан во полициска станица по пријава за напад од вработена во локал

08/02/2023
Вести

АПИС : Не постојат аргументи за вакви ригидни политики кон игрите на среќа

08/02/2023
Следна објава

СВР Тетово:  Приведен осомничен крадец на шест мотоцикли 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.