• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
вторник, 3 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Ќе се доделат хуманитарни пакети во рамки на акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот“

26/05/2021
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово денес пристигнаа пакетите со храна и хигиенски производи кои во рамки на хуманитарната акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот“ низ државата ги доделува организацијата „Банка за храна“ заедно со партнерите на локално ниво.  Ова е 12-ти ден од караванот од предвидени 20 општини.

-Се откажавме од конференциии и семинари и на наше барање и одобрение на ЕУ обезбедивиме 35 тони храна со 1620 прехранбени пакети и хигиенски производи кои ќе се дадат на 1620 фамилии низ цела држава. Самата акција е една од најголемите кои планирани и во релизација и се надевам дека граѓаните кои се во социјален ризик ќе имаат еден благодет, мислам дека пакетите се доволно добри за да ги задоволи потребите на едно четири члено семејство барем една недела. Пред кризата ако имавме седум до десет јавувања на неделно ниво барања за помош, додека во Ковид времето до 300 за една недела. Се зголеми бројот на корисници затоа што без работа останаа луѓе кои биле во сив сектор, кои ги изгубија работи места на црно како келнери, фризерки, слично а и се зголемува бројот. Проблемот со храна останува, изјави Душко Христов од „Банка за храна“.

Невладината организација „Младинска алијанса“ се партнери на „Банка за храна“ за акцијата во тетовскиот регион.  Со Центарот за социјални работи Тетово потпишан беше меморандум за соработка за размени на информции и заеднички акции во иднина. 

-Бројката на семејства кои ќе добијат помош определна за оваа акција во тетовскиот регион е за 80 семејства. Но секој кој има препорака или информации за некое семејство кое треба да биде покриено слободно нека се обрати кај нас, нон стоп ја ажурираме нашата листа и се наоѓаме начин во рамките на нашите можности да им се помогне на сите, изјави Небојша Захариевски од „Младинска алијанса“. 

Критериум за добивање на помошта од оваа акција беа економско загрозени домаќинства, корисници на минимална гарантирана помош и други права.

– Драго ми е што Центарот за социјални работи заедно со Банка за храна и Младинска алијанса е во тек за спроведување на една ваква хуманитарна акција со која 1620 семејства ќе добиајт пакети со прехранбени и санитарни производи. Го гледам логото, многу симболика има во него „Стоиме заедно“(We stand together) тоа е можеби единствениот начин во една ваква состојба во која целото човештво се најде. Голем предизвик за опстанок и единствен начин за справување со економските последици од тоа е еден заеднички фронт, предводен од Владата на Северна Македонија преку неколкуте економски пакети, сите институции во склоп на Владата, фронт заедно со политичките партии, граѓанските здруженија, невладините организации и индивуалците се со цел на сите тие категории и број на домаќинства кои се соочија со екомомските последици од оваа пандемија да им се помогне полесно да се справат и полесно да излезат од оваа криза. Ова може да биде повик за сите оние со добра воља да учествуваат во вакви акции со што до поголем број домаќинстава да биде доставена помош, изјави Дарко Обадиќ, директор на Центарот за социјална помош.

Караванот и акција „Стоиме заедно против Ковид 19 и гладот“ започна од 14-ти мај и ќе трае се до крајот на месецот.

А.С 

 

Поврзани објави

Вести

Ликовна мултикултурна работилница во ОУ „Гоце Делчев“-Тетово по повод Недела на детето

03/10/2023
Вести

Билтен на СВР Тетово: Тешко повреден пешак на 79 години

03/10/2023
Вести

За девет месеци во 2023 изречени 5714 мерки за пребрзо возење на тетовското подрачје

03/10/2023
Вести

Дискусија „Политичко учество на лицата со попреченост“ – во 80 општински совети има само две лица со попречeност

03/10/2023
Вести

Песните од проектот „Македонијо во срце те носиме“ утре ќе се пеат во Тетово

03/10/2023
Вести

На патот Пирок-Тетово животот го загуби 18 годишно момче од Синичане

03/10/2023
Следна објава

Триесет милиони денари за реконструкција на делницата Шипковица-Бродец

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!