На вчерашната 21-ва седница на Владата донесе одлука за распишување на оглас за избор на државен правобранител за подрачјето на Тетово. Одлуката е поради тоа што досегашната правобранителка исполнува услов за старосна пензија.
-Владата одлучи Согласно член 23 став 1 алинеја 3 став 2 од Законот за државното правобранителство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/2007 и 104/2015) на Јованка Ѓорѓеска да и утврди престанок на функцијата државен правобранител во Државното правобранителство на Република Северна Македонија за подрaчјето на Тетово, поради исполнување на услови за стекнување на правото на старосна пензија, заклучно со 24.12.2020 година, се вели во соопштението од Владата.