Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“ од Теарце во недела ќе ја организира традиционалната манифестацијата „Денови на Кирил Пејчиновиќ“ 2021 година. Ова е осмо издание кое по ред го организира Друштвото.
-Манифестацијата ќе се реализира на 30-ти Мај (недела), со почеток во 16:30 часот, а ќе се одржи во дворот на Црквата Св. Димитриј во с. Теарце, ќе започне со дефиле на учесниците, а подоцна ќе се реализира целовечерен концерт. Манифестацијата ќе се реализира според препораките и протоколите за заштита од КОВИД – 19, информира Сашо Костадиновски, етнокореолог во Културно уметничкото друштво „Кирил Пејчиновиќ“
На манифестацијата ќе настапат претставници на КУД „Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце, како и гостите: Ансамбл „Етнос“, Ансамбл „Ѓорче Петров“, ВИС „Аманет“, музичка група “Ќустек”, Дарко Гавровски – Гавро.
А.С