Неформалната група „Арт активизам“ од Тетово симболично постави картонски верзии од автобус пред автобуските постојки на улиците низ градот аламирајќи дека се уште нема обезбедено вакви возила за јавен градски превоз. Акцијата “За прв пат во светот, автобус дух!“ е со цел да се упати критика дека целиот процес во Тетово не се прави по прав редослед, односно дека има поставување на автобуски станици-постојки, а не и набавка на автобуси.
-„Нашата тенденција е паралелно да снабдуваме автобуси, да ги комплетираме станиците за чекање и да го ставиме претпријатието за јавен превоз во функција со цел сите да бидат активни до Нова година“, рече градоначалникот на Општина Тетово, но ние прашуваме дали автобуските станици ќе ги дочекат автобусите? Токму затоа, група активисти од Тетово, поставија автобуси духови пред станиците за чекање, кои ќе им послужат на граѓаните на Општина Тетово се до конечното решавање на овој процес, информираат од „Арт активизам“.
А.С