Повеќемина тетовци и гостиварци се дел од кадровските комбинаторики за именување на високи позиции во министерствата по составување на Владата, дознава Тетово инфо.
Еден од нив е и актуелниот началник на СВР Тетово Амир Далипи, кој според неофицијалните информации на Тетово инфо е сериозен кандидат за една од неколкуте клучни раководни и високи позиции во Министерството за внатрешни работи.
Амир Далипи е на чело на СВР Тетово и на позиција началник е скоро две и пол години. Роден е 1978 година,со над 20-годишно професионално искуство во МВР. Ги поминал сите скалила во полициската кариера сменоводител, внатрешна контрола, член на различни комисии, првостепени и второстепени, оженет, татко на две деца.
Во неофицијалните кадровски комбинаторики за високи позиции во министерствата од редовите на ДУИ деновиве во тетовско-гостиварската јавност се споменуваат неколку имиња.