Полициски службеници на СВР Тетово вчера 11 ноември од 8 до 15 часот спровеле акциска контрола на возила кои на подрачјето вршат јавен превоз, најмногу автобуси и комбиња. При контролата вкупно биле откриени и санкционирани осум технички неисправни возила, сите со несправби сопирачки.
Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци по Законот за возила.При контролата, исто така, констатирани се и 16 други видови прекршоци кои биле адекватно санкционирани, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Воедно биле откриени и санкционирани и 11 лица кои ги управувале возилата без положен возачки испит и валидна дозвола.
ас