Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Александар Велјановски во рамки на партиската акција под мотото – „Пратениците со народот“ која предвидува посета на 500-тини села низ цела Република Македонија, викендов посети неколку населени места во Општина Јегуновце. Тој вчера ги посети селата Прељубиште и Подбреѓе, а денес и Јегуновце.
-Со жителите на Прељубиште разговарав за актуелните состојби во државата. На сите им е јасно дека со државата владее политичка мафија и дека оваа власт мора да биде победена час поскоро. На локално ниво проблемите се таложат и не се решаваат. Проблемите со локалниот пат, дивата депонија и водоводот се само дел од проблемите. Не се оддржува дури ни детското игралиште кое е приватна инвестиција и обраснато во трева. Оваа власт мора да се победи, неспособните да се заменат со способни луѓе кои знаат како се решаваат проблемите. Жителите на населено место Јегуновце се соочуваат со големи проблеми. На сите им е преку глава од лаги и лажни ветувања, мора да има промена на власта која не направи ништо за овие 4 години, истакна Велјановски
За регионот Велјановски ги потенцираше и најгорливите проблеми на жителите – затворената фабрика Југохром која беше главно ветување на Зоран Заев како и патот од Желино од Јегуновце.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од 8-ми мај до 30-ти мај ќе ја реализираат акцијата под мотото – „Пратениците со народот“.