Кандидатиte за пратеници од Тетово на коалицијата „Обнова за Македонија“ на ВМРО ДПМНЕ, предводени од Александар Велјановски остварија средби со жителите на Сараќино и Фалише. Ги запознаа со проектот „Обнова“ и разговараа за секојдневните проблеми.
-Го посетуваме секое населено место во ИЕ 6, ја промовираме нашата програма, разговараме со нашите сограѓани, ги слушаме нивните проблеми и се обврзуваме на чесна и честита работа. Нашата програма Обнова содржи околу 1000 проекти, проекти кои извираат од народот, проекти кои се реални и за кои се обврзуваме дека ќе ги реализираме. Во програмата секој човек може да најде проект од негов интерес, проект кој е насочен кон подобрување на животот и зголемување на животниот стандард. На нашите сограѓани им е преку глава од лажни ветувања и лажливи политичари. Ги повикуваме сите граѓани без разлика на која националност припаѓаат да излезат масовно на овие избори да го заокржат бројот 14, да заокружат за ВМРО ДПМНЕ и Обновата на Македонија, истакна Александар Велјановски.