Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски беше во посета на Општина Тетово на средби со бизнис секторот во градот и и технолошко индустриската развојна зона. Тој во просториите на поранешен АД Тетекс разговараше со стопанственици кои имаат закупено погони.
-Она што го гледаме на средбите со стопанствениците кои практично го создаваат националното богатство на Македонија го полнат буџетот даваат плати е дека имаме две вистински. Едната е дека имаме исклучително амбициозни луѓе кои сакаат да работат тука во Македонија и да допринесат и од друга страна за жал имаме неодговорна власт и Влада која што не ги помага овие луѓе. Скоро и да не слушнавме дека луѓето добиваат било каков тип на помош. На пример во оваа компанија ФЈ инженеринг каде се развива еден едукативен центар кој треба да овозможи на следните млади генерации да стекнат обука уште во рамки на свое образование и да можат да најдат работа воопшто не е поддржано од државата и самиот стопанственик решил да инвестира, рече Николовски.
Тој посочи дека власта нема поддршка за секторот угостителство.
-Понатака во однос на ресторанот гледаме дека овие мерки за короната траат скоро година. Се забранети собири како свадби, крштевски и родендени, она што е основна дејност, до тука е во ред. Она што е проблем што нема е што нема никаква поддршка од државата луѓето трпат огромни загуби, а имаат кредити што треба да ги плаќаат а немаат никаква поддршка од државата што ги доведува до раб на егзистенција бројни семејства кои се дел од овој сектор. Апелирам затоа да се надмине оваа ситуација и да се даде поддршка на сите оние кои се осптвени а ресторани за свадби и другите кои се во индустријата тука се музичари, фотографи и видео сниматели. Во однос на извозните компаии апелираме да да се даде поддршка за извозот како и поддршка за едукација и развој на истражувачки центри кои воопшто не се предвидени во ниедна мерка и проргама. Доколку Македонија не вложува во истражувачки центри ќе стане само место на ефтина работна сила а не место на иновации и напредок, рече Александар Николовски.
На новинарски прашања за имунизацијата Николовски упати прашања до Владата дали намерно не купува вакцини.
-За два или три дена ќе завршат донираните вакцини, со 4000 и нешто дози ќе се вакцинираат 2000 луѓе и тука ќе заврши работата а треба да се вакцинира 60 проценти од населението доколку сакаме да Македонија се заштити од корона вирусот. До овој момент да имавме одговорна власт каква што немаме, требаше да има купено 2 милиони вакцини и милион луѓе да се вакцинираат. Да фрлам ракавица до власта и да прашам дали причината поради која не набавуваат вакцини е тоа што кризата да трае што подолго затоа што колку подолго трае кризата и овие рестрикции толку подобро за власта- народот не може да излезе на улици и да ја собори власта. Дали намерно не купува вакцини да може да трае кризата и да ловат во матно, рече Николовски.
Потпретседателот Николовски ја коментираше изјавата на Зоран Заев дека ВМРО ДПМНЕ “не сакаат да се прегрнат а сакаат да водат љубов” околу етничката припадност во личните карти.
-Знаеме дека седат во Влада и смислуваат каква глупост да тресне Заев дента, не е случајно ниту за ниска интелигенција, се работи за стратегија да треска глупости на два-три дена со цел народот да не ја слуша суштината туку глупостите и да се занимава со глупостите, рече Николовски.
Според него суштина со личните карти е што е со Преспанскиот договор кој го потпиша Заев со Грција и етничка припадност Македонец е избришана и со тоа Македонците не може да се декларарираат како Македонци.
-И ние го извадивме тоа на чисто и пред целата јавност покажуваме дека Зоран Заев преку своите формални и неформални партнери не дозволува да се изгласа закон со кој што во личните карти ќе може да пишува етничка припадност Македонец, истакна Николовски.
Тој во изјавата рече дека ќе презентира докази за двајца министри кои не добиле НАТО сертификати, едниот поради корупција, а другиот поради соработка со странски служби кои не се дел од НАТО.
А.С