СДСМ како носител на листата со кандидати за советници за Општина Јегуновце го постави Александар Стефановиќ. Завршил машински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и како машински инженер работи приватна компанија во Скопје. Тој е претседател на ОО СДСМ Јегуновце од февруари оваа година и е повеќегодишен активист и член на СДСМ.
Александар Стефановиќ и актуелниот градоначалник Дарко Блажески, кој по втор пат ја доби довербата од СДСМ да биде кандидат за градоначалник на општина Јегуновце, се двоецот сигурни победници на локалните избори, велат од општинската организација на партијата.
-Дарко Блажески е сигурен победник на локалните избори заедно со советничка листа на СДСМ и коалицијата за претстојните локални избори. Додека другите критикуваа Дарко Блажески работеше пожртвувано за нашата општина. Во изминатиот период ја докажавме нашата работа и сега излегуваме со најдобрата понуда со која ќе продолжи да се развива општина Јегуновце во наредните 4 години. Нашите кандидати за советници се неуморни активисти кои со страст, амбиција, пожртвуваност и ентузијазам ќе работат за остварување на целите. Кандидатите се гарант за исполнување на планот и целите воспоставени во програмата за идните четири години. На 17-ти Октомври одиме со голема победа“ – посочуваат од ОО СДСМ Јегуновце