Партијата Алијанса за Албанците на прес конференција ја критикуваше работата на општина Тетово за 2019 година. Оттаму јавно побараа одговор од градоначалничката за одредени проблеми.
-Градоначалничката на општина Тетово, денес излезе пред масата и се пофали за работата што ја направија за жителите на оваа земја, но не го спомена проблемот со водата за пиење, имено на станицата за филтрација, која чека со години да биде пуштена во употреба. Таа не го спомена повеќедеценискиот проблем на градот, булеварот Благоја Тоска, кој сè уште го ветува општината и нема решение за истиот. Таа воопшто не го спомена одбрамбениот ѕид на улица Бања, кој се повеќе ги загрозува животите на граѓаните. Таа не рече ниту збор, за разлика од време на кампањата кога мораше да му помогне на Зоран Заев, а заедно со него ветија училиште во Мала Речица, кое исто така очекува решение од оваа општина и Министерството за Образование, исто како и за училиштето во Селце, но изгледа како и со вештачкиот снежен базен, злоупотребени беа стотици илјади евра и објектот остана во мизерна состојба, истакнa Алтрим Мамути.
Според оваа партија најголемиот проблем се долговите на локалната самоуправа.
Зошто градоначалничката не спомна колку се долговите на општината, а особено оние за студентски превоз. Зошто на моменти не се споменуваше ветениот катен паркинг на Градскиот стадион или на Зелениот пазар, но тие секако очекуваат тие работи да им ги заврши „Дедо Мраз“ затоа што самата општина сè уште не направила ниту проект за истите. На крајот ја прашуваме општината, дали се сеќавате на ветувањата што ги дадовте во 2013 година и дали можете да им кажете на граѓаните колку проценти од тие ветувања што сте ги дале сте ги оствариле, истакна Мамути.
А.С