Амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мари Брнс ја посети тетовска Вратница за им оддаде почит на загинатите пилоти од паднатиот американски бомбардер Б-24 наречен „Наша љубов“ што се урнал во месноста Камче на 26 август 1944 година, а воедно со тоа и на паднатите борци од НОБ и сите жтви во Втората светска војна, соопшти здружението на жители од Вратница. По тој повод жителите на Вратница со поддршка од Амбасадата на САД до месноста Камче трасирале патека и поставиле информативни табли.
-Со оваа историска патека оддаваме почит на сите жртви од Втората Светска Војна.Ја користам оваа прилика да ги поканам сите љубители на планината да ни се придржат на претстојниот традиционален марш што ќе се оддржи на 29ти август, во сабота. Повеќе информации може да се најдат на ФБ страницата на Вратница, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот емаил: zdruzenie-vratica@hotmail.com, изјави претседателот на Здружението на жители на Вратница Мирослав Ќировски
Покрај планинарскиот марш до местото на паднатиот авион, амбасадорката на САД го посети хостелот Китка и се запозна со туристичката понуда на Вратница.
-Чест ни е што амбасадорката е гостинка во Вратница по втор пат што покажува дека вреди да се посети Вратница- рече Ќировски.
Одбележувањето на овој настан е овозможено благодарение на жителите на Вратница и нивната соработка со Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија.
При падот на американскиот воен авион во 1944 година загинале шест војници, а тројца се спасени од мештаните.
На 26 ноември 2014 беше откриена спомен плочата за американските војници во Вратница од страна на тогашните американски амбасадор Пол Волерс и министер за одбрана Зоран Јолевски.
А.С