Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека иако има густ и црн чад осостојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. Испитувањата ги направи единица на Армијата од четата за атомско-биолошка-хемиска опасност.
-Оваа единица влезе непосредно до самиот пожар и со најмодерна опрема, извршија испитување на воздухот и утврди дека нема опасни гасови во воздухот, отровни гасови. Извршија испитување на воздухот во околината и состојбата од аспект на отровни гасови е безбедна. За секој случај очекуваме дополнително испитување бидејќи има мала веројатно за отровни гасови која можеби нема можност да детектира. Но потенцирам дека имаат најсовремена опрема донирана од Америка. Видливо е дека има пм10 и загаден воздух, но сме пред локализирање на пожарот, има контрола. Уште еден хеликоптер интервенира за стопирање на линија на ширење на пожарот., изјави Стојанче Ангелов.
Според него фабриката има лимен покрив и бетонска плоча, водата не може да продре внатре од хеликоптерот.
-Воедно хеликоптерот не може да влезе во густ чад и на ивицата влегува и интервенира.. Хеликоптерот дејствива од воздух, а пожарникарите од земја, надмината е опасност од било каква експлозија, рече Ангелов.
Во текот на денот голем број работници отстранија големи количини на градежните материјали за кои се смета дека се од запалив карактер.