Носителот на листата со кандидати за советници на ВМРО ДПМНЕ за Општина Тетово, Ангел Карапетров ја одржа завршната прес-конференција на крајниот ден од кампњата за локалните избори кои се одржуваат во недела.
-Почитувани мои сограѓани, Изминаа дваесет дена од оваа кампања.Секој ден го минувавме со вас,помеѓу секојдневието и проблемите со кои се соочуваме сите ние. Го видовме Тетово онакво какво што никој не сака повеќе да го гледа.Вашиот глас ни вели:време е за промени!Време е за нови проекти!Време е за победа!Народот да си го врати своето!Достоинството,честа,гордоста! Затоа,17 октомври е денот кога сите вие ќе одлучите дали ќе ја прифатите нашата подадена рака за работа,неуморност и истрајност. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не го остави народот и секогаш е со народот.Ја чувствуваме вашата болка,гнев,мака,затоа што ние не сме елититсти,жедни за престиж,богатства и слава.Ние сме луѓе од народот и со вас ќе успееме во оваа борба. Тетово е град на еснаф-луѓе,кои знаат како се чуваат гордоста и честа.Со вас ќе успееме! 17 октомври е денот кога ќе прославиме за нов почеток на една успешна приказна. За наше Тетово.Еднакво за сите луѓе. За горда и достоинствена Македонија! Почитувани Излезете и гласајте за промени Гласајте за бројот 7, истакна Ангел Карапетров.