Претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово, Ангел Карапетров денес ја водеше централната партиска прес-конференција во седиштето на партијата во Скопје осврнувајќи се на најавените политики на ДУИ.
-Ахмети и листопадната СДСМ на Заев направија такви штети на Тетово што речиси е невозможно да се поправат. Ветуваа се и сешто, од подземни контињери до стандардни претоварни станици, регионална депонија, зеленило и паркови. Ветуваа ширење на градот, катни гаражи, ред во сообраќајот и што ли уште не. Ветуваа Европско Тетово. Но, ветувањата останаа на ЌЕ. Наместо претоварна станица според стандарди, имаме импровизирана депонија во Фалише, каде се истура целиот отпад од градот, директно на земја, загадувајќи ја околината. Не се реши ниту проблемот со депониите околу градот и во градот. Тетово стана ГРАД ДЕПОНИЈА. Не се реши ниту проблемот со водата за пиење, кој дивите приклучоци и лошата водоводна мрежа го оставаат стариот дел на Тетово без вода. Шумите се масакрираат од дива сеча и изградба на патишта до мали хидроцентрали со кои се уништуваат и реките. Тетово се уште нема прочистителна станица за отпадни води. Наместо зеленило и паркови, никнуваат згради како печурки за кои нема предвидено паркинг места, или ги има само на хартија, а на уличките во централното градско подрачје владее тотален сообраќаен ХАОС, и населението кое живее таму е принудено да се справува како знае и умее, истакна Карапетров.
-Дополнително, се загрижени за состојбата со Шар планина, каде наместо ревитализација која одамна требаше да се случи, властите најавуваат голф терени. Топло им препорачуваме да се освестат, и да реагираат уште веднаш за да ја спасат Попова Шапка, а не да излегуваат со вакви смешни изјави исмешни предлози. За жал, Тетово е сеуште еден од најзагадените градови во Македонија иако не работи Југохром. Почитувани, ДУИ и СДСМ на дело ја покажаа својата зелена агенда, за која со сигурност ќе бидат казнети на овие избори, посочи на прес-конференцијата, Ангел Карапетров, претседателот на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Тетово