На народниот митинг на ВМРО ДПМНЕ во Тетово носителот на листата со кандидати со советници Ангел Карапетров, порача дека градот може да има нова иднина со проекти и програма. Тој посочи дека наместо досегашниот хаос, со работа може да се подигне градот од ова дно каде се наоѓа.
-Сите четири годни ништо не се направи, се зголемија проблемите со сообраќаен хаос, образование, Тетово стана град депонија. Но нема потреба за трошење време за нечии неуспеси, ВМРО ДПМНЕ има визија како да помогне на Тетово. Тетово не ваше и наше , туку Тетово за сите граѓани. Проекти за сите проблеми, со постојано движење на терен се соочивме со сите проблеми, ако е блокиран собраќајот блокиран е за сите, ако нема вода, нема за сите, сите се даведме во смет. Имаме четири години за издигнување од ова дно, истакна Ангел Карапетров.
Тој посочи дека ветуваат проекти за сите луѓе-реконструкција на водоводната мрежа, нови резервоари за вода, нови бушотини за подобро водоснабдување, проекти за собирање и депонирање на отпад, план за квалиет на воздух се со цел подобро и поубаво Тетово.
ас