Претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово Ангел Карапетров ќе биде носител на листата со кандидати за советници.
-Особена чест и задоволство е што довербата за носител на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ во општина Тетово ми е дадена на мене. Ветувам одговорна, посветена, чесна и честитита работа во интерес на Тетово и тетовчани. Заеднички да ја направиме промената која е неопходна за доброто и развојот на Тетово. Да го направиме Тетово за сите луѓе. Тетово каде ќе се почитува различноста и ќе има проекти за сите луѓе. Во оваа битка влегуваме здружено и очекуваме да ги победиме поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Тетово. Да покажеме дека навистина Тетово има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ, изјави Карапетров.