Претседателoт на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово Ангел Карапетров одржа прес конференција поради енормна депонија создадена пред православните гробишта.
-Oва позади нас не е претоварна станица или депонија. Ова се Православните Гробишта во Тетово. И како што може да се види, досегашните апели од граѓаните, нивните негодувања и опомени не вродија со никаков резултат. Наместо да се намалува, отпадот се зголемува, па сега достигнува дури и до улицата по која се движат автомобили и луѓе. А покрај ѓубрето, не е сменета ни ситуацијата со кучињата – скитници.
Нели е ниско и подло од страна на градските власти предводени од СДСМ и ДУИ да се ветува дека ќе се смени оваа грда слика? Нели е срамота лажењето од страна на градските власти дека го исчистиле местово на кое почиваат православните Македонци во Тетово? Дали е ова доказот дека ние не сме рамноправни граѓани на овој град? Дали вака се искажува почит кон нашите претци? До кога ќе мораме да го толерираме ова маргинализирање? И како врв на целата иронија, на голема врата некој ќе бара трет мандат. Па има ли крај на лицемерието?!
Овој пат нема да ви речеме: освестете се, решете го проблемот. Очигледно немате свест за тоа. Ќе ви порачаме само: оној што не го почитува туѓото минато, претците, светите места како што за нас се православните гробишта, нема право да зборува дека ќе се заложи за нечија иднина. Засрамете се, истакна во своето обраќање, Ангел Карапетров, претседател на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.