Претседателот на Советот на општина Тетово Беким Мемети испрати апел до жителите.
-Почитувани граѓани на општина Тетово, Дозволете во мое име како Претседател на Советот на општина Тетово и во име на сите советници, да апелирам за стриктно почитување на поставените мерки од страна на Владата, Кризниот Штаб и Здравствената Светска Организација.
Ве молиме што повеќе да бидете покрај вашите семејства, со што ќе придонесете во намалувањето на инфицираните случаи, а со тоа ќе спасиме човечки животи. Создавајте можност надлежните институции да ја вршат нивната работа и сите заедно да го поминеме овој предизвик, кој ja зафатил целиот свет, истакнува во апелот Мемети.