Од 1 јули ќе има бесплатен роаминг меѓу шестте земји на Западен Балкан – Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Тоа ќе значи дека при патување во секоја од овие земји нема да има потреба од дополнителни трошоци за користење на мобилен телефон. Односно секој повик, порака и интернет нема да се наплаќа дополнително туку ќе се користи како во својата земја.
Оваа одлука е донесена денес во Подгорица, Црна Гора на состанокот на министри од 6-те земји од Западен Балкан, одговорни за дигиталната трансформација и политиките за информациски и комуникациски технологии, организиран од Советот за регионална соработка (RCC), “Heading towards Roaming Free Western Balkans”.
-Инспирирани од Европската Унија, воспоставивме и создадовме средина каде што сите граѓани на земјите од Западен Балкан ќе можат безбедно да ги користат своите мобилни телефони за да остваруваат повици, да испраќаат пораки или да сурфаат на интернет низ сите земји во Западен Балкан без дополнителни трошоци од 1-ви јули”, рече министерот Јетон Шаќири.