Правната клиника „Про бона“ која функционира во рамки на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа од 1 март ќе биде отворена за маргинализираните групи и за сите граѓани на кои им е потребна бесплатен правен совет и помош ,а кои ги исполнуваат условите за бесплатна правна помош според одредбите на Законот за бесплатна правна помош.
-Заинтересираните граѓани од Тетово и Гостивар кои ги исполнуваат условите за бесплатна правна помош ќе бидат сослушани од страна на асистентот на Правната клиника, така што случајот ќе биде доставен до кадарот на Правниот факултет со цел да им се обезбеди на граѓаните соодветна правна подршка. Сите правни услуги кои Правната клиника ќе им ги обезбеди на заинтересираните страни ќе бидат бесплатни, информираа од Правниот факултет при УЈИЕ.
Правната клиника се наоѓа во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа (објект бр.803.01) и ќе работи со физичко присуство, почитувајќи ги потребните мерки за превенција и заштита од Ковид-19. Ќе бидат отворени во понеделник (од 10:00 до 12:00 часот), среда (13:00-15:00) и петок (11:00-14:00). Граѓаните кои не можат да дојдат, може да се обратат и преку е-маил адреса legalclinicprobono@seeu.edu.mk
А.С