Идниот месец Бизнис Каталог слави 5 години. Ние не забораваме каде и со кого почнавме. Поддршката која Тетово ни ја даде беше огромна и затоа секогаш ќе му бидеме должни и благодарни. Како што заедницата ни дава, така и ние сме должни да и возвратиме.
Ве повикуваме да аплицирате на DigiFUN Lab-Програма составена од бесплатни курсеви за основци и средношколци, на која младите ќе имаат можност да научат вештини од областа на графичкиот дизајн, веб девелопментот и социјалните мрежи.
Целта е да ги мотивираме учениците да напредуваат во полето на дигиталните медиуми и да се запознаат со професиите на иднината.
Програмата е поделена во 8 етапи, а сите заинтересирани може да аплицираат на info@bizniskatalog.mk, на фејсбук или инстаграм.
Обуките ќе се одржуваат во лабораториите на средното стручно училиште Моша Пијаде. Учесниците ќе се стекнат со основни предзнаења од графичкиот дизајн, изработката на промотивни флаери и постери, дизајн на логоа и кратки видеа, а ќе ги обучиме и како да изработат мала веб страна.
Што се однесува до најатрактивното предавање за социјални мрежи, ќе ги запознаеме околу најновите трендови, како да допрат до што повеќе фанови и слично.