Претседателот на Движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, вчера вечер ги посети дел од изборните штабови во Тетово, почнувајќи од Голема Речица, Мала Речица, Тетекс-1, Тетекс-2, Теќе, Гам Гам, Горна Чаршија и заврши во изборниот штаб на населбата Миѓени.
Касами ги охрабри сите активисти во подружниците да одат од врата на врата да си ја презентираат изборната понуда, програмата за мандатот 2021-2025 година на чело на општина Тетово.