Кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на Движење Беса, Билал Касами одржи прес-конференција на која ги потенцираше инфраструктурните проблеми со кои се соочува градот и решенијата кои ги нуди за нив. Тој потенцираше дека во иднина при градба ќе се почитуваат стандардите за градба со предвидена зелена површина и места за рекреација.
-Осум години не само што нема подобрување, туку се влошува. Униште и патишта и булевари, немање паркинзи, метеж во сообраќајот, непланско градење се главните показатели за денешно Тетово. За да се оди со автомобил од влезовите до центарот на градот на граѓанинот му требаат над 45 минути. Ситуацијата станува се поалармантна за амбулантските возила кои секој ден се сооуваат со сообраќаен метеж, рече Касами.
Тој вели дека неговиот тим има конкретни решенија.
– Нема да дозволиме дивоградби -целата урбанистичка политика ќе се фокусира на проширување на урбаните средини, а не на задушување на постоечките. Детален урбанистички план за Попова Шапка, Мала Речица и повеќе градски населби. Ќе се посветиме на отворање на три булевари како главна артерија на градот Центар-„Илинден“, продолжување на булеварот „Благоја Тоска“ и булевар „Видое Смилевски-Бато“, истакна Касами.
Според идеите на Касами состојбата во градот ќе се подобри и со изградба на катни паркинзи
ас