Изборниот караван на Движењето Беса, предводен од претседателот и кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами вчера навечер во Порој одржа централен митинг каде беше претставена програмата за локалните избори 2021 година. Таму Касами очекува голема победа.
-Порој е бастион на Движењето Беса, Порој е местото каде што Феникс се преродил и ќе биде местото каде ќе се бетонира нашата победа за Тетово, победа по која, веќе нема да разговараме за вода за пиење 24 часа, нема да разговараме за ѓубре и кучиња скитници, туку за Тетово со раст на бизнисот и за Тетово каде се реализират големи проекти, сите 16 проекти на Движењето Беса за Тетово ќе биде реалност за граѓаните на Тетово во следните четири години, истакна Билал Касами пред жителите на Порој.
Кандидатот од Движењето Беса порача дека се може да се има и да се направи доколку се има добра волја.
-Сe може да се постигне, особено кога имате човечки и природни ресурси, кога имате добра волја и желба, способни соработници и прекрасни граѓани. Во визијата на Движењето Беса Тетово ќе биде модерна општина со обучен кадар чиј приоритет ќе биде постојана отчетност за трошење јавни средства, вработени фокусирани на економскиот развој на општината и во служба на бизнисот и граѓаните, рече Касами.