Денеска Билал Касами, лидерот на Движењето БЕСА, истовремено кандидат за градоначалник на Тетово, ја посети „бутик-улицата“ позната по продавниците за ракотворби. За време на случајна средба со граѓани и сопственици на занаетчиски продавници, Касами ја претстави и својата програма во врска со развојот на овој сектор.
-Тетовската економија се уште има потенциjална енергија. Движењето БЕСА ќе го „обнови“ моделот на економски развој и економска благосостојба преку капитални инвестиции и странски инвестиции, локални проекти, претприемачка иницијатива, развој на агробизнисот, агротуризам и рекреативен и културен туризам, привлекување странски директни инвестиции во економската зона на Тетово, фискални и административни капацитети со цел намалување на невработеноста, особено за младите луѓе, им порача Касами на стопанствениците.
Општина Тетово предводена од Движењето БЕСА ќе ја гарантира безбедноста на инвестициите и благосостојбата на граѓаните на Тетово, каде што интересите на различните групи и општествени слоеви ќе бидат избалансирани, врз основа на трите меѓусебно поврзани области на економијата, општеството и околината.
Културно – уметничкиот живот на жителите на Тетово е важна цел за Движењето БЕСА. Затоа, Движењето БЕСА преку конкретни проекти ќе ги поддржи театрите, библиотеките, културните работници, културните и уметничките друштва.
-Ќе имаме посебна грижа и посветеност кон културното и историското наследство, како и кон потенцијалот на културниот туризам. Исто така, во областа на културата, ќе иницираме соработка со институции од регионот, со цел размена на добри практики и искуства, потенцираат од БЕСА.