Денеска програмата „За нашата општина“, претседателот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами ја презентираше пред жителите на населбата Тетекс 1.
Касами порача дека ветувањата на Движењето Беса во ова предизборна кампања нема да останат само ветувања, туку сите оние работи што досега беа кажани и ветени имаат соодветни проекти, проучени и анализирани, кои за време на мандатот ќе се реализираат до крај.
Тој додаде дека сите улици кои изгледаат како „мини езера“ ќе бидат санирани и регулирани правилно како што се во секој европски град и исто така ќе интервенираат во канализационата мрежа, ќе го решат и другите проблеми со што се соочува Општина Тетово.
-Овде од населба Тетекс 1 ќе ја претставиме една наша точка од програмата, а која е да имаме канализација’, преку ова ветување ние нема да дозволиме да имаме патишта, кои во овие врнежливи времиња личат на „мини езера“ кои се непроодни за пешаците, за автомобилите, така што еднаш и засекогаш Тетово ќе има добра канализација и ќе изгледа како модерен град, како европски град. Исто така, детално работевме на прашањето за отпадоците, што исто така е една наша болна точка, за неуспесите на минатите раководства на Општина Тетово. Во соработка со пријателите кои имаат искуство во оваа област, веднаш по преземање на власта во Општина Тетово ќе го направиме Тетово еден чист град, град кој ќе биде еден од најубавите градови во Северна Македонија, рече Касами на митингот.
Касами вети дека ниту еден вработен во општинската администрација нема да добие отказ од работа. Тој, исто така, рече дека Движењето Беса има подготвено деталниот урбанистички план.
На овие избори, Движењето Беса нуди конкретни и амбициозни идеи и проекти, кои се реални и силни, кои носат нов начин на управување со општина Тетово, како единствена и конкретна надеж за вас сограѓани, со голема доверба кон нас, која наскоро ќе стане опиплива реалност и која ќе дојде. Со цел да комбинираме искуство, енергија и нов дух ќе се залагаме застапеноста на младите и жените да е на повисоко ниво. Младите луѓе се нашиот најголем адут. Имаме среќа што ги имаме, затоа имаме обврска да ги поддржиме како гаранција за нашата иднина, потенцираат од партијата.