Претседателот на Движењето БЕСА и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами, на средбите со граѓаните ги презентира 16 капитални проекти кои ги нуди за трансформација на градот.
1.Основни училишта со една смена, изградба на нови училишни капацитети во градот и во висорамните села . Место во градинка за секое дете од предучилишна возраст
2.Сите училишта ќе бидат опремени со електронски табли за секое оделение, проектори за секое оделение, реставрација на спортски терени, снабдување со кабинети со потребните алатки.
3.Изградба на нова дистрибутивна мрежа за вода. Ќе има 24 часа вода за пиење.
4.Изградба на нова канализациона и атмосферска мрежа.
5.Структурирање на јавни претпријатија кои имаат финансиски проблеми. Ново структурирање на JКП.
6.Конечно решение со јавен превоз
7.Тетовските планински села ќе ги претвориме во туристички и културни центри.
8.Развој на економските зони на Тетово.
9.Основање канцеларија за деловен инкубатор
10.Изградба на 4 затворени базени.
11.Ревизија и проширување на Урбанистичкиот план.
12.Изградба на спортски игралишта во Тетовските висорамнини населени места.
13.Изградба и поправка на патна инфраструктура.
14.Изградба на паркинзи во централното подрачје.
15.Формирање општинска комунална полиција.
16.Изградба на фабрика за рециклирање отпад