Кандидатот за градоначалник на Тетово од редовите на Движење Беса, Биљал Касами одржа прес-конференција пред зградата на општината осврнувајќи се на тоа како ќе работи локалната самоуправа со негово раководтство. Тој посочи дека ќе се залага за правилното и ефикасно функционирање на општинската администрација.
-Оптималното управување со човечките ресурси не само што ја зголемува функционалноста на општината, туку ја зголемува и ефикасноста на услугите за граѓаните. Мојот тим и јас сме посветени на едно ефикасно управување, профитабилно претпријатие во служба на граѓаните Општинската администрација е одраз на развојните цели и политики. Успешното управување со општината е поврзано со квалитетот на општинската администрација. Нефункционалната администрација е бариера за продуктивни инвестиции. Движењето Беса ќе направи длабоки реформи во администрацијата и во управувањето на општинските претпријатија, пренесувајќи ги вредностите на ЕУ преку добра администрација која ќе биде во служба на граѓаните и ќе промовира заштита на јавниот интерес, истовремено почитувајќи ги правата и интересите на граѓаните. Воведувањето на технолошките иновации и прилагодување на општинската администрација со светските трендови ќе биде приоритет за Движењето Беса, изјави Биљал Касами.
Предвидените работи според Касами ќе се остварат со реорганизација на општинската администрација.
-Движењето Беса ќе обезбеди: професионална и ефикасна администрација, отчетна и транспарентна, деполитизирана и со нула толеранција за криминал и корупција, квалитетни услуги за граѓаните и бизнис секторот. Ефикасна комуникација помеѓу општинските претпријатија – олеснување на бирократските процедури. Структурирање на општински јавни претпријатија кои имаат финансиски, организациски и административни проблеми. Конкретен план за модернизација на ЈКП. Модернизација на противпожарната единица. Секторите во кои има голем број случаи акумулирани со текот на годините, ќе работат со дополнителни часови, за да можат да обезбедат навремена услуга за сите граѓани. Флексибилен распоред на општинските институции почнувајќи од 7.30 до 8.30 часот и завршувајќи во 15.30, односно до 16.30 часот попладне. Професионален раководител – Професионализација, едукација и обука на општинската администрација, рече Касами.
Според него ќе се внимава и на тоа како ќе се однесуваат вработените кон работата.
-Нулта толеранција за фиктивните вработени.Награда на заслужни вработени и професионален менаџмент. Ќе ги дигитализираме услугите на граѓаните – долгите чекања на шалтерите на општинската администрација ќе бидат елиминирани. Формирање дигитални центри на одредени локации каде што граѓаните во независно од општинската администрација ќе можат да ја добијат потребната документација што е можно поблиску до нивното место на живеење, само со еден „КЛИК“. Ќе инсталираме дигитални апликации, кои ќе ја следат работата на административниот персонал, бројот и времетраењето на завршените предмети. Дигиталната општина ќе овозможи нула толеранција за криминал, корупција и злоупотреба на службената положба од кој било административен вработен. За крај, можам да ви кажам нешто што е сигурно: Сите оние кои се ангажирани и работат во администрацијата на Општина Тетово, или во општинските претпријатија не само што ќе останат на работа, туку и ќе бидат унапредени. Унапредувањата ќе се прават како што предвидува законот, а не како досега – како што сакаа Теута и нејзината компанија, истакна Биљал Касами.
ас