Вчеравечер (24 ноември) околу 19 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 50-годишниот Н.Н. од тетовска Мала Речица затоа што околу 16 часот се однесувал агресивно кон неговата 45-годишна невенчана сопруга и се обидел насилно да ја отвори влезната врата од нејзиниот дом. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе се соочи со соодветен поднесок, информираа денес СВР Тетово.
Полицијата информира дека четириесет и двегодишниот Ш.Д. од тетовска Голема Речица, вчеравечер (24 ноември) во 23 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 21 часот и 45 минути на улица „Илинденска“ во Тетово физички бил нападнат од тетовецот К.И.(30), со кого од порано се знаеле. Се расчистува и документира случајот.
СВР Тетово соопшти дека седумнаесетгодишна тетовка вчера (24 ноември) во 14 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека во ходник на средно училиште каде учела физички била нападната од две други соученички, а поради претходни меѓусебни недоразбирања. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (24 ноември) во 16 часот и 40 минути, Р.А.(23) од тетовско Ѓермо во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот му било одземено патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал на улица „Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово незаклучено и со клучевите во брава. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.