Општинската организација на Црвениот Крст од Тетово деновиве им додели благодарници на 137 луѓе од тетовскиот регион кои во 2020 година достигнале јубилејна бројка на дарување крв. Рекорд има еден човек кој до 2020 година дарувал вкупно 75 пати крв. Освен благодарница тој добил и плакета.
-Покрај рекордните 75 дарувања од еден човек, 14 лица добија благодарница за 25 достигнати дарувања, 32 лица за тоа што 10 пати досега давале крв и 90 лица кои во пет наврати во текот на 2020 година дарувале крв, информира информира Шклќим Мурати, секретар на тетовскиот Црвен крст.
Благодарницата се доделува за доброволно даруваната крв, за покажаната хуманост солидарност и љубов кон човекот, стои на овие признанија, кои се доделени посебно поради состојбата со пандемијата.
А.С