Учениците од настава по македонски јазик во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ и економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово денес ја бојкотирата наставата и одржаа предупредувачки протест барајќи училиштата и општината како институции доследно да ги спроведуваат и почитуваат мерките за заштита од коронавирусот. Тие бараат повеќе дезинфекција во училишните објекти и превоз на ученици според протоколите.
-Денешниот протест е за проблемите со превозот што го имаат, пример во еден автобус ако собира 40 деца, со протоколи треба да има само 20. Но автобусите се преполни и преку 200 деца. Им паѓаат и колабират и се шири потенцијална опасност од ширење на коронавирусот. Второ барање овие месец-два колку е пикот да има онлајн наствва. Па кога ќе има услови за физичко присуство да одат на школо. Ние сме за физичко присуство но ако нема услови да нема терање инает. Од понедленик ќе одат на училиште, но ако наредна недела не се реши барем еден проблем следен понеделник ќе има пак протест, изјави на протестот пред гимназијата Синиша Стефановски, претставник на родителите.
На протестот кој беше организиран пред гимназијата за настава по македонски јазик дојдоа и ученици од средното економско училиште, каде учела и 16 годишната средношколка од Сиричино која почина поради Ковид-19. Тие исто така бараат регулирање на превозот и зголемување на средствата за хигиена.
-Се надминува капацитетот во возилата за превоз и учениците се во опасност. А се случи почина средношколка од втора година. Сакаме со овој протест да ја спречиме потенцијалната опасност што се шири околу нас. Ова барање го дадовме до Општина Тетово и до директорката. Сакаме со фиизчко приустсво, сакаме да има мерки-сапуни и дезинферкција. Сите да одат со маски, да не бидеме подложни на ризик. Ние како економско за разлика од гимназија сметам дека нема потреба од онлајн настава, затоа што се движиме секаде и има потенцијален ризик, но ако може да бидеме побезбедни во школските објекти. Професорите носат маски и бараат од нас и носиме маски, изјави Елена Кузмановска, претставничка на учениците од економското училиште.
Претставникот на родителите истакна дека при скринингот во гимназија немало утврдено болни
Градоначалникот Биљал Касами кој вчера ја презеде функцијата, на средба со новинарите рече дека не е запознаен со проблемот и дека ќе ги прими родителите и учениците на состанок со цел да се изнајде решение.
ас