Два случаи на каснувања од куче бездомник се бележат вчера во тетовската полиција, а се случени на исто место булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово.
Вчера (25 јануари) во 12 часот, К.М.(23) од Тетово во СВР Тетово пријавила дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово била касната од куче-бездомник. Во 12 часот и 55 минути, А.Б.(34) од Тетово во СВР Тетово пријавилa дека на улица „Благоја Тоска“ во Тетово билa каснатa од куче-бездомник, информира денес СВР Тетово.
Секој ден од минатата недела тетовци пријавуваа напади од бездомни кучиња, а еден од нив беше токму на булеварот „Благоја Тоска“.
На крајот од октомври завршија средствата предвидени со последниот трет тендер на Општина Тетово. За сите три тендери беа третирани околу 300 кучиња.
А.С